Мојата мајка не ме сака...

Никогаш нема да го заборавам младиот човек кој го видов на улиците низ Лондон.

Имаше долга коса.

Му реков: „Не би требало да бидеш овде, треба да бидеш дома со твоите родители.“

Имаше само 23 или 24 години...

Ми рече: „Мојата мајка не ме сака. Секојпат кога ќе отидам дома, не ми дозволува да влезам внатре, затоа што имам долга коса. Таа не ме сака, а јас не сакам да ја исечам косата.“

И така ја избрал улицата, затоа што мајка му не го сакала.

Кога после некое време се вративме на истата улица, го најдовме тој млад човек како лежи на земја. Се предозирал.

Го однесовме во болница. Не знам дали преживеа, затоа што не знам колку многу се предозирал.

Како ќе реагира таа мајка кога повторно ќе се сретнат?

„Не ме сакаше.“

„Ајде да почнеме да се сакаме.“

Мајка Тереза