Викторија Бекам е една од најголемите модни икони на нашето време. Таа успеа да направи модна империја, а жените ширум светот постојано ги следат нејзините совети. Таа претпочита минималистички и едноставен стил, па затоа вложува во класични парчиња кои може да ги носи со години. Таа не е роб на модните трендови, туку го носи она што ѝ се допаѓа.
Таа со години се придружува до истите правила и во својот гардеробер секогаш ги има овие парчиња. Вели дека тие се клуч за секој добар изглед. Погледнете кои се тие правила и можеби ќе се инспирирате од неа.
Квалитетно сако
Таа во својот гардеробер секогаш има добро скроено сако и го носи на различни настани, професионални, но и неформални. Тоа не е никакво чудо затоа што се работи за стандардно и основно парче облека кое оди со секој тип гардероба.
Бела кошула
Ова модно парче е безвременски класик кој Викторија често го носи со панталони или фармерки со широки ногавици и потпетици.
Кожни панталони/здолниште
Ова парче не е едноставно за комбинирање, но таа го носи со многу стил. Важно е само остатокот од гардеробата да е минималистички и едноставен и нема да згрешите.
Класични фармерки
Добрите фармерки се одлична модна инвестиција, а таа најмногу ги сака моделите со широки ногавици. Во комбинација со бела маица или кошула – тие се вистински погодок.
Бела маица
Ако го сакате едноставниот стил на Викторија, сигурно знаете дека обичната бела маица се клучен дел од нејзините модни комбинации. Овој модел е инвестиција која дефинитивно ќе ви се исплати.