Модерното време го зема својот данок: Деца активно корстат интернет, објавуваат недолични фотографии и статуси

-Мојот син има пет години а веќе се знае да работи на компјутер. Оној пат нешто ми се случи на профилот на Фејсбук и го викнав. Мил на мајка уште сега во се, се разбира. Тој има Фејсбук профил уште пред две години. Се знае, се разбира. Децата сега се раѓаат со факултет....

Ова се муабети, кои се почесто се вртат помеѓу родителите. Дали си докажуваат чие дете е попаметно? Тоа само што се родило веднаш има слика на социјалните мрежи. Веднаш почнува да држи мобилен телефон или таблет во раце...

Податоците покажуваат дека секојдневно расте бројот на деца кои што се корисници на социјалните мрежи. Тие со часови висат на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и на другите социјални мрежи.Доволно е само едно дете од друштвото да каже дека има профил и дека таму видело нешто интересно, и ете ти ја целата екипа на таа социјална мрежа.

Место каде на тацна им е сервирано се она, од кое треба да бидат подалеку. Насилство, малтертирање, убивање, сексулани содржини, алкохол и дрога.

Денеска е реткост да забележиш група на деца кои се играат на улица со топка, кои возат велосипед, криенка или било која друга забавна игра. Реткост и да ги видиш на улица, а не пак да ги видиш како си играат. Или ако се надвор секое си гледа во својот телефон.

-Ги набљудувам пред некој ден децата од пред зграда. Се собрале можеби 10 ги имаше. Исто како порано, но сите молчат. Сите наведнале глави надолу и зјапаат во телефони. Некој за нешто ќе се насмее, ама се смее за тоа што го видел на телефон...

Родители, дали мислите на своите деца? Знаете ли дека модерното време, во склоп со модерните тенологии дека го земаат својот данок?

-Јас на мојот син му направив профил на Фејсбук кога имаше четири години. Пред тоа тој постојано седеше на мојот. Убаво е да знаат кои се новостите, да се дружат со другарите. Сега тој има седум години, гледам дека сите негови другари имаат профил. Зошто па тој да изостанува. Верувам јас во моето дете и не верувам дека ќе залута во некое лошо води, вели мајка.

-Сметам дека на моите деца се уште не им треба такво нешто. Иако ќерка ми има осум, син ми шест, не се активни на социјалните мрежи. А седат редовно или пред лап топ или на таблет или на телефон. Обично имам навика да внимавам што гледаат. Се плашам иксрено, што читам што се случува по светот. Се надевам тоа ќе е далеку од нас, вели друга мајка.

Не само што гледаат, децата на социјалните мрежи и објавуваат свои лични фотографии. Од секакви прослави од одмори. А децата најлесно можат да се изманипулираат.

Често се случува непознати лица да го скријат својот идентитет, па дури и да се преправаат дека се на нивна возраст. Ова може да претставува вистинска опасност за децата, особено ако тие ја стекнат довербата во непознатиот и ако овозможат злоупотреба на своите лични податоци и фотографии за уцена, или ако закажат средба.

Надлежните, постојано апелираат до родителите, а и редовно во текот на училишната година се спроведуваат едукативни кампања, поврзани токму со оваа тема.