Модерно и економично улично осветлување во Ѓорче Петров

Општината Ѓорче Петров ќе добие ново улично осветлување.

– Со реализација на проектот за модерно осветлување на територијата на општината Ѓорче Петров, постоечките 2.887 светилки општината ќе ја чинат 16.18 денари дневно за една светилка во првата фаза. Откако ќе бидат додадени уште 983 светилки, вкупно во Ѓорче Петров ќе имаме 3.870 модерни светилки. Тогаш со модерен систем за контрола една светилка дневно ќе чини 13,24 денари. Во моментов општината плаќа 19.70 денари дневно со постоечките светилки -информира Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.