Модерни верници во пост – не јадат месо, ама ги „јадат” сите околу себе

Многумина не знаат што претставува постот. Конзумираат алкохол, цигари, се расправаат со родителите, парнерите и пријателите, но не јадат храна од животинско потекло и мислат дека тоа е доволно!

Веруваме дека оваа приказна на старецот Гаврил Грузијски ќе помогне да сфатите што постот всушност значи.

Ја пренесувам приказната во целост:

“Го прашав старецот Гаврил како да постам. Кога тоа го прашав ме погледна, молчеше некое време, а тогаш ме тргна на страна никој да не слуша. Ми го раскажа цел мој живот, сите мои гревови кои ги имам направено од детство, како да бил покрај мене. Бев многу потресен. Запрепастен. Почнав да плачам. Кога се смирив повторно седнав, старецот ме смируваше.

Тогаш донесе некое послужување и рече: “Ајде земи, послужи се.” Вознемирен реков: “Оче, не можам сега ништо да јадам.”

Старецот Гаврил тогаш рече: “Ете дете мое, тоа е пост. Кога ќе ги видиш сите гревови, па од болка не можеш да јадеш.”

Модерните верници заборавија, а многу веројатно не ни слушнале за зборовите и толкувањата на владиката Николај Велимировиќ кој рече дека постот се состои од воздржување од мрсна храна, лоши мисли, лоши дела, како и множење на молитвата, воздигнување на христијанските вредности бидејќи постот не е само телесен туку и духовен.

Постот е владеење со себе. Не станува збор само за храната, за време на постот треба да имаме различно однесување. Ако се пости само со храна, тогаш станува збор за обична диета.

За христијаните душата е поважна од телото, а со храна се пости за да организмот полесно да се прочисти следствено на духовниот пост. Битно е да запаметиме три работи доколку сакаме да бидеме вистински христијанин.

За духовниот пост битно е каењето, молитвата и добрите дела, а за телесен пост избегнување месо, млеко и јајца.

 

Преземено од православен фб профил