МОДЕРНИ СКОПСКИ СВАДБИ: Драги гости, дајте ни ги парите, не фрлајте ги за цвеќе! (фото)

Пораката "подарок во плик" веќе не е ништо новообичаено. Младенците ви препорачуваат да не трошите време и пари по продавници, туку парите да им ги дадете ним за самите да си одберат што им треба.

Најнова мода е давање на хуманитарна димензија на свадбата како што е препораката до гостите да донираат пари за одредена целна група.

-Бев изненадена, но и воодушевена кога на една многу интересна покана за свадба на наши блиски роднини ја прочитав пораката "Драги гости, наместо букет цвеќе донирајте средства за децата на кои им е потребна помош! Кутијата ќе биде ставена во ресторанот! Ви благодариме!". Многу интересно и инвентивно. Се разбира, парите што ги планиравме за букет, ги ставивме во кутијата. Многу невообичаено, но многу благородно, раскажува една скопјанка.

Таа ја поддржува ваквата порака, бидејќи најчесто цвеќето за младенците, кое чини најмалку 250 денари, завршува во некој агол од свадбената сала и наместо украс се претвора во ѓубре. Вака, парите што ги ставила во кутијата за донации биле наменети за лекување на болно дете. Скопјани раскажуваат дека добивале и покани на кои пишувало "наместо со цвеќе, честитајте ни со грепка".

Вистина или не, но се раскажува дека на една ваква свадба младенците собрале еден куп грепки..., па добиле вредни подароци - скутер, фрижидер... Сепак, за многумина, ваквите или слични сугестии на поканите за свадба се дрски и непристојни.

Тој што сака да им даде пари, ќе им даде, ама неумесно ми е да биде тоа наредба или барање. Ако добијам таква покана ќе ја почитувам нивната желба, ама сигурно дека не би направила такво нешто, вели една невеста во најава. На оваа тема има многу дискусии. Колку што има приврзаници, толку и луѓе со обратно мислење. Некои одат дотаму што тврдат дека доколку добијат таква покана нема воопшто да одат на веселбата.

Фото: Вечер

nike air max 1 sale