Модерни мајки на денешницата - ги користат социјалните мрежи и форумите за да побараат совет во врска со растењето на децата

-Мајки ве молам за помош,  Никола се уште не зборува, а има две години, што да правам... Како да ја одвикнам ќерка ми од пелени, не сака да седи воопшто на нокшир... Кога ви излезе првото забче? Ги примате ли редовно сите вакцини? Какви пелени или млеко користите...

Еден куп совети, еден куп мислења. Порано мајките за да дознаат нешто морале да се едуцираат повеќе, со читање на книги, или пак разговор со пријателките или педијатрите.

Денеска се оди полесно. Сите дома имаме интернет и пристап до социјалните медиуми и форумите, па можеме да прашаме се што не интересира. Да споделиме мислење, или искуство, да побараме совет.

Затоа и многу често може да се слушне, обично од постарата генерација дека денеска на мајките се им е полесно...

Современите мајки поминуваат во просек по 92 минути на интернет секој ден, покажало ново британско истражување, а сè повеќе мајки денес ги користат социјалните мрежи и интернет форумите за да побараат совет во врска со растењето и воспитувањето на децата.

Сè повеќе мајки денес ги користат социјалните мрежи и интернет форумите за да побараат совет во врска со растењето на децата

Истражувањето кое било спроведено од мобилен оператор покажало и дека голем број на мајки го користат интернетот како занимација кога нивното бебе ќе ги разбуди во текот на ноќта. Четири од десет мајки се вклучуваат онлајн навечер откако ќе ги разбуди нивното бебе.

Исто така, мајките користат интернет за комуникација со членовите на семејството (особено ако живеат далеку од нив), за пребарување на рецепти, за проверување на временска прогноза и за комуницирање со пријателите на социјалните мрежи како Facebook.

„Жените се чувствуваат помоќни ако можат да најдат решение на своите проблеми и интернетот им го овозможува тоа. Тие се чувствуваат посамоуверени со својата способност да се грижат за своите деца ако се вооружени со информации и често најдобриот совет може да биде даден од луѓето кои имале слично искуство“ – изјавила Силвија Чинд, мајка на 2 деца, која воедно е и претставник на мобилниот оператор кој го направил истражувањето.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.