Модерни и несекојдневни куќи во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Бардовци, Водно, Козле, Радишани се скопски населби во кои покрај неколкуте станбени згради, можат да се видат и несекојдневни, модерни и луксузни куќи.

Во денешната галерија ќе ви ги прикажеме несекојдневните архитектонски дела на Водно и во скопско Бардовци:

Водно

Oбјектот „Куќа на Водно“ најдобро архитектонско дело. Архитектите Сергеј Никољски и Иван Мирковски од проектантските куќи Никољски – Виена и Смарт Ливинг – Скопје се овогодишните добитници на Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) за објектот „Куќа на Водно“ на улицата Питу Гули бр. 33.   

Скопско Бардовци

Во куќата со површина од 250 метри квадратни се распоредени пространа дневна соба, три спални соби, трпезарија, студио, затворена кујна и голема библиотека за семејството.

Куќата на имотот од 2000 метри квадратни е придружена со простран релаксирачки надворешен базен и апартман за гостите на семејството.