Модерна проја

 

Потрбни состојки:

За проја:

- 200 гр пченкарно брашно

- 250 гр пченично брашно

- 200 мл млеко

- 100 мл зејтин ( масло)

- 1 кесичка прашак за печиво

- 2 јајца

За фил:

- 100 гр сирење, 50 гр ајвар, 100 гр шунка, 100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки за проја, промешајте додека смесата не се соедини и истурете ја во подмачкано тавче за мафини. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Испечените мафини од проја, истечете им го врвовите.

Во друг сад измешајте ги сирењето, ајварот и зачинете. Смесата ставете ја во шприц за готвење и филувајте ја пројата, а одозгора ставете лист кашкавал и лист шунка, па поклопете со пресечениот врв. Уживајте во вкусните модерни проја мафини.