Летото е во полн ек, а една од најубавите работи за време на летото се прекрасните модни комбинации кои прават да се чувствуваме лесно, но истовремено се и удобни. Ова лето, еден од најголемите модни трендови се шорцевите и бермуда фармерките кои се носат во најразлични комбинации. Истовремено изгледаме и дотерано, но и навистина ни е удобно.
На социјалната мрежа Pinterest има мноштво на интересни комбинации кои лесно можете да ги пробате, а ние издвоивме неколку интересни предлози за вас.