Мода или потреба – развод ДА или НЕ

Дека разводите во Македонија се зголемуваат покажуваат многу податоци. Денеска младите тешко се одучуваат за брак, а лесното се одлучуваат за развод. Која е причината за развод кај македонските брачни парови?

По социјалните мрежи по интернет форумите постојано се дискутира на оваа тема.

Жените најчесто бараат совет или споделуваат свое мислење по форумите.

Развод ДА или НЕ!

-Поарно ужасен крај него ужас без крај... Ако нешто не оди поарно е да се прекини.  Инаку според мене зголемениот број разводи е резултат на освестувањето на луѓете. Сега се поретко се учат младите да ќутат и да трпат за да ги посрамат родителите. Порано за атер на децата а и да не пукне срам се преминувало преку се и сешто, дури и преку малтретирање.

- Подобро добар развод отколку лош брак....а за да не зависиме материјално од мажите и тоа да не обврзува да останема во брак треба да не брзаме со мажачка дур не си створиме своја кариера и колку толку независност во животот.

-Сум за развод доколку не би постоел факторот наречен деца......кога се присутни деца...тогаш е најкомплицирано....

-Малку ми е нелогично како некои луѓе гледаат на разводот како на нешто секојдневно и обично....За децата тоа е огромна траума и треба мноогу да се снимава особено ако се во онаа возраст кога се мали а сепак се разбираат (10,11,12 години) И мислам дека за да дојде до тој стадиум на развод на бракот треба да има огромен проблем како алхохолизам,дрога,физичко и псичичко малтретирање а не заради некоја кавга или те навредил, не се сложува со твоите родители или пак обратно...А за крај мислам дека секој треба да биде свесен со каков човек влегува во брак...Дали е тој способен да направи такви грешки за да дојде до развод.

Во 2017 година забележан е раст на бројот склучени бракови. Во првите три месеци од годината се регистрирани 10.683 венчавки или за 4 насто повеќе во споредба со истиот период во 2016.

Но раст забележа и бројот на разводи. Дури 1354 двојки решиле да ја растурат заедницата, или за  1.7% повеќе од претходната година. Прегледот не е целосен, затоа што Државниот Завод за Статистика ги има обработено бројките само за првото тримесечие од годинава што изминува:

Во земјава најмногу од браковите се прв обид за заедничко живеење на двојките. Дури 92.5 отсто за жените и 91.2 отсто за мажите. Што се однесува до склучените брачни заедници по втор пат, нивниот број изнесува 8.1 отсто од вкупните бракови, односно 0,7 осто бракови по трет пат.

Ако сметате дека жените многу го одлагаат стапувањето во брак, бројките ќе ве разуверат.  Во 2016 година, 33, 7 од новите сопруги биле на возраст од 20 до 24 години, а сличен е и процентот на невестите на возраст меѓу 25 и 29 години. Податоците покажуваат дека младенците најчесто сакаат „да рипнат во тавче“ во август, а најмалку во април.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.