
Три лица од Гостивар и Тетово се лишени од слобода откако полицискиот мобилен тим „Task Force“ при претрес и преглед кај нив пронашол марихуана и кокаин.
- Вчера, во 18:00, 22:15 и 23:20 часот, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар и СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ј. (47) и С.Н. (29) од Гостивар и Г.О. (44) од Тетово. При претрес во домот на Р.Ј., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени две пакувања со марихуана, информираа од МВР.
Кај С.Н., при полициски преглед, била пронајдена и одземена марихуана, додека кај Г.О. бил пронајден и одземен кокаин.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против тројцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.