МНТ одбележува осум децении постоење

Театарот е место каде што се случува нешто исклучително.

Тука се преплетуваат режисерските идеи; најсилно чука актерското срце; се слуша зборот на драматургот; шепотот на суфлерот; сценографите, костимографите и композиторите ја оплеменуваат сцената со својот креативен израз; светлото, дизајнот и тонот создаваат магија; големиот број луѓе зад сцената се секогаш посветено тука; а менаџерскиот тим е тука да ја поддржи секоја идеја.

Се создава магија, а публиката го восприема секој атом на театарската уметност.

Македонскиот народен театар е сила што опстојува 80 години!