МНР вработува 27 административци

Министерството за надворешни работи од денеска распиша оглас за вработување на 27 административни службеници, дипломати – приправници и помошно -стручни службеници.

Јавниот оглас ќе трае 20 дена од денот на објавувањето, а паричниот нето износ на плата изнесува од 13.500 до 16.889 денари.

„Водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија“, велат од МНР за огласот.

Заинтересираните кандидати можат електронски да аплицираат на огласот на интернет страницата на министерството.