Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги потсетува македонските граѓани кои планираат да патуваат во Париз дека на 8 декември е закажан протест и притоа предупредува да се избегнуваат одредени места во централното градско подрачје.

-Во тој период МНР препорачува да се избегнуваат местата во централното градско подрачје – плоштадите Конкорд и Бастиља, Триумфалната капија, Елисејската палата, Националното собрание…, пишува Министерството за надворешни работи во објавата на својата фејсбук страница.

Од МНР посочуваат дека граѓаните во итни случаи можат да ја контактираат амбасадата на РМ во Париз на телефонскиот број  0033680080890.