МНР: Нема информации за македонски државјани засегнати од пожарите во Грција

Министерството за надворешни работи досега нема добиено информаци за македонски државјани кои се обратиле за помош во дипломатско-конзуларните претставништва во Грција, како засегнати од пожарите кои ја зафатија Атина. Тие додаваат дека во овој момент се комуницира и со институциите од регионот на Атина, но и со засегнатите служби.

„Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. Воедно, информираме дека контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071“, велат од МНР.

Најмалку 50 лица ги загубија животите, над 150 се повредени во силните пожари што ја зафатија околината на грчкиот главен град Атина. Според тамошните медиуми, ваква огнена стихија не се памети изминативе десет години. Меѓу жртвите има и деца. Станува збор за најголемите пожари што ја погодија Грција изминативе десет години.

Шумските пожари избувна во западниот и источниот крај на Атина по високите температури, кои беа над 40 Целзуисови степени, и силниот ветер. Пожарникарите соопштија дека имало и над 150 повредени, некои од нив потешко и оти може бројот на жртвите да биде поголем. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во земјата, при што побара помош од Европската Унија и војската.

(Од минута на минута) Катастрофален пожар во Грција, над 50 загинати, меѓу нив и бебе.