МНР апелира да се избегнуваат патувања во грчките опожарени региони

Министерството за надворешни граѓани апелира до македонските државјани да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите во Грција.

Од Министерството повторија дека заклучно со 15 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во Канцеларија за врски во Атина.

„Во моментов немаме официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари“, се вели во известувањето на МНР.

Контакт телефонотот на Канцеларијата на МНР за врски во Атина е 0030 694 474 3071.