Многумина ги обожаваат, но газираните сокови се најштетни за нашето здравје

Нудат краткотрајно освежување и чувство на заситеност и исполнетост, но што всушност се газираните сокови?

Во нивниот состав содржат големи количини шеќер, емулгатори и подобрувачи на вкусот. Во нив нема ништо хранливо, но во исто време се преполни со калории кои ни го полнат телото, без да резултираат со некаков бенефит. 

Според повеќе истражувања, само ако ги исфрлите од својата исхрана, веќе сте на половина пат кон постигнување на саканата тежина. 

Калориите кои ги содржи една чаша газиран пијалак се викаат уште празни калории - ги има многу, но нема ниедна друга корисна хранлива состојка, за истите соодветно да бидат енергетски искористени. 

Не заборавајте дека единствена течност која нема калории, а сепак ја гасне жедта е токму водата. Секој друг пијалак е залажување на организмот.