Многу земјотреси деновиве во Македонија - еве каква е состојбата утрово

Многу земјотреси од изминатата недела до сега се регистрирани во Македонија, а за среќа утрово тлото е мирно.

Последниот потрес е вчера нешто по полноќ, со јачина од 2,5 степени според Рихтер, почувствуван во Свети Николе и околината, на 49. километри од Скопје.

Претходно, во неделата земјотрес од 2,7 степени според скалата на Рихтер, се почувствувал исто така во Свети Николе, на 27 километри од Скопје. Потресот бил на длабочина од 2 километри.

Претходно телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 31.8.2018 година во 09 часот и 12 минути регистрирше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5.4 чиј епицентар се наоѓа во соседна Р. Грција.

Земјотресот беше почувствуван и на територијата на Република Македонија и тоа во југозападните делови со интензитет одIII степени според Европската макросеизмичка скала.

Исто така, на 30.08. сеизмолошк ноќта во 02 часот и 10 минути регистрирше  земјотрес чиј епицентар потекнува од струмичкото епицентрално подрачје.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот  изнесува  3.0, а беше почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала.