Многу талентирана и културна: Што мисли Калиопи за Андреа?

Нашата кантавторка и пејачка Калиопи за српскиот портал Toxic зборуваше за македонската претставничка на овогодишниот избор за песна на Евровизија, Андреа Коевска.

„Ја познавам Андреа, работев со неа. Андреа е млад талент кој има своја приказна, има свој продуцент кој работи со неа. Го менторирав нејзиното пеење и малку помогнав да се надгради приказната со која треба да се занимава сега во Торино. Таа е прекрасна девојка, многу талентирана, културна. Ѝ посакувам се најдобро!“, истакнува Калиопи.

Запраша како ја коментира српската претставничка Констракта, таа вели:

„Мислам дека нема човек на Балканот кој има нешто лошо да каже за Констракта. Таа е поинаква и своја, дури и ги знам нејзините песни од групата Zemlja gruva, сериозен талент. Никој не може да остане имун на нејзиниот текст“.