Многу лекции во животот мораш да ги пројдеш низ солзи!

Многу лекции во животот мора да ги пројдеш низ солзи. Нема друг пат, мораш да го пројдеш патот на предавството, патот на напуштање од другите за ја научиш вредноста на вистинските пријатели, за да научиш да ги цениш луѓето кои останале покрај тебе кога останатите исчезнале. Мораш пројдеш лекции низ солзи за да сфатиш што значи да се заштитиш од грабливци и од оние кои се покрај тебе само поради некакви интереси.

Многу лекции во животот мораш да ги пројдеш низ солзи. Мораш да почувствуваш цела лепеза од човечки чувства. Какo е да се чувствуваш кога немаш никого, а како се чувствуваш кога си во пар, а сепак се чувствуваш осамено и како е да се чувствуваш кога си во пар и се чувствуваш среќно. Ќе пројдеш изгорен низ тие лекции и кога по некое време ќе ги изброиш раните, ќе ги именуваш по луѓето кои ти ги нанеле тие рани, ќе ги именуваш по времиња кога ги доби тие рани.

Многу лекции во животот мораш да ги пројдеш низ солзи. Мораш да почувствуваш како е да веруваш на другите, а добиеш нож во грб. Да почувствуваш како е некому да го подариш своето срце, да се предадеш целосно, а другата страна само да се сврти и да си отиде без збор. Тие лекции не можат да се научат во училиште, не можат твоите родители да те научат, не можат ни најдобрите пријатели, туку само тешкиот живот.

Многу лекции во животот мораш да ги поминеш низ солзи. Немаш друг пат и кога ќе станеш свесен дека нема нема друг пат, тогаш ти олеснува, затоа што ги прифаќаш повредите и разочарувањето како дел од патот, ги прифаќаш оние кои си играат со тебе како искуство кое сакаш да го заборавиш побргу, но не сакаш да ги заборавиш лекциите кои произлегле од сето тоа. Многу лекции во животот мораш да ги поминеш низ солзи и кога веќе мораш – не одложувај.

Колку побргу ги пројдеш тие лекции, толку побргу ќе се стекнеш со мудроста на животот.