Многу леб, малку месо: Македонија има огромни класни разлики

Во Македонија има огромни класни разлики и со висока сиромаштија.

Во 21 век во Македонија, 7 отсто од населението сеуше има полски  ве це, 5,5  проценти немаат када и туш, 0,5 отсто се без телевизор, 30 проценти немаат компјутер, а близу 40 отсто не поседуваат автомобил. 57 проценти од населението не отишле на заболекар затоа што не можеле да си го дозволат тоа.

Според статистиката над 450 илјади македонци се сиромашни.Најголем е процентот  кај младите односно  оние до 17 години и изнесува скоро 30 отсто.  Кај оние до 65 години стапката  на сиромаштија е 21 отсто, а најниска е кај најстарите однодно кај оние над 65 годни и изнесува 14 проценти.

И од пензионерите 7 отсто се сиромашни.Анализите покажуваат дека сиромаштијата е поголема кај мажите отколку кај жените. Помали приходи имаат лицата во селата. Од плата домаќинствата во селата остваруваат 170 илјади, а во град 233 илјади денари. Приливите од пензии во селата  се 57 илјади во градовите 87 илјади денари.

Државниот завод за статистика излезе со податок дека просечната месечна нето плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври лани.

Октомвриската просечна нето плата е зголемена и во однос на септември, но прашањето кое се наметнува е дали таа е доволна за просечниот Македонец да ги плати месечните сметки и да ги задоволи своите основни потреби.

Ако се направи една обична пресметка за месечните трошоци, тогаш ќе се види дека за режиски сметки, Македонецот троши околу шест илјади денари, за превоз три илјади денари, а за лична хигиена и одржување на хигиената во домот две илјади денари. За храна и пијалоци му остануваат уште околу 12 илјади денари со кои треба да го помине месецот што е малку со оглед на животниот стандард и постепеното зголемување на цените и услугите.

Македонецот во просек секој ден јаде по околу 200 грама леб, 95 житарки, 20 грама тестенини, 20 грама ориз. Од зеленчукот најмногу се консумира компир, по околу 80 грама, грав 15, кромид и лук околу 30, исто толку и зелка. Домати во просек се јадат по 40 грама на ден, а пиперки по околу 60. Од овошјето најмногу се троши јужното, по околу 40 грама, потоа лубеници и дињи 30 грама, по исто толку јаболка и грозје 29 грама, кајсии и праски едвај надминуваат 10  грама просечна дневна потрошувачка по човек.

Од месото најконсумирано е пилешкото и мисиркиното, по 30-на грама просечна дневна потрошувачка, потоа јунешко и телешко по околу 20 грама, речиси исто толку и свинско, а двојно помалку риба. Месни преработки односно салами, паштети и колбаси се јадат во просек по речиси 30 грама на ден.

Од млечните производи просечната потрошувачка е по 100 милилитри млеко, 60 грама кисело млеко и јогурт и двојно помалку сирење. Во просек Македонецот јаде и по 1 јајце секој втор ден.

Статистичарите пресметале дека се консумираат и по речиси 40 грама  шеќер, околу 8 грама кафе и какао и нешто под 20 грама чоколади и кекси.Потрошувачката на алкохол на годишно ниво е 1.7 литри вино, 10 литри пиво и 0.7 литри жестоки пијалаци за секој Македонец.

Според ДЗС Македонецот во просек во 2016-та пушел по 2.25 цигари на ден, во 2015-та 2.33, во 2014-та по 1.96, а во 2013-та по 1.78 цигари на ден.