Многу е важно да ги научите децата на овие работи

Учете ги децата дека не им е потребно ништо однадвор за да бидат среќни – никаква личност, место или материјална работа и дека вистината радост доаѓа одвнатре. Учете да си бидат доволни сами на себе. Учете ги и ќе научат големи и важни работи.

Учете ги децата дека неуспехот е измислица, дека секој обид е успех и дека секој напор и труд носи победа, дека првиот е подеднакво достоен за почит како и последниот. Давајте им ги овие лекции и ќе научат многу важни работи.

Учесте ги своите деца дека се длабоко поврзани со севкупниот живот и дека се едно со другите луѓе и дека никогаш не се одвоени од Бог. Учете ги и ќе научат важни работи. 

Учете ги своите деца да живеат во свет на величествено изобилие и дека има доволно за сите и дека најмногу се добива со споделувањето, а не натрупувањето. Учете ги и ќе научат важни работи.

Учете ги своите деца дека не постои ништо што мора да го направат за да бидат достојни за возвишен и исполнет живот, дека не треба со никого и за ништо да се натпреваруваат и дека Божјите благослови им припаѓаат на сите. Учете ги и ќе научат важни работи.

Учете ги своите деца дека никогаш нема да им се суди, дека не мора да се грижат дали секогаш ќе ги прават работите како што треба и дека ништо не треба да менуваат, ниту да стануваат подобри за да бидат совршени и прекрасни во Божјите очи. Учете ги и ќе научат важни работи.

Учесте ги своите деца дека во љубовта нема никакви услови, дека не треба да се грижат дали некогаш ќе ја изгубат вашата љубов, или Божјата, и дека нивната сопствена љубов, безусловно дадена, е најголемиот подарок кој можат да му го подарат на светот. Учете ги и ќе научат важни работи.

Учете ги своите деца дека да се биде посебен, не значи да се биде подобар, дека ако сметаат дека се надмоќни и подобри од некого, тогаш таа личност не ја гледаат онаква каква што е и дека во признанието „Мојот начин не е подобар, само поинаков“ се крие длабоко исцелителска сила. Учете ги и ќе научат важни работи.

Учесте ги своите деца дека нема нешто што не можат да го научат, дека привидот на незнаењето може да се избрише од Земјата и дека сето она што им е потребно можат да го добијат од себеси, кога ќе се потсетат кои се тие навистина. 

Учете ги и ќе научат важни работи. Учете ги, но не со зборови, туку со постапки. Не со расправии, туку со покажување. Затоа што вашите деца ќе гледаат што правите вие и ќе станат онакви какви што сте и вие. 

Во основата на човечкото искуство постојат само две енергии: љубов и страв. Љубовта подарува слобода, стравот ја одзема. Љубовта се отвора, стравот се затвора. Љубовта го поздравува слободното изразување, стравот го казнува. Со тоа мерило можете да знаете дали некој ве сака или ви се плаши. Не слушајте што зборува. Гледајте што прави. 

~ Нил Доналд Волш

. Учете ги и ќе научат важни работи.