ММФ препорачува зголемување на старосната граница за пензионирање

Владината пензиска реформа, со која се зголемуваат придонесите за 0,5 отсто, и сите родени до 1967, а вработени по 2003 година ќе бидат префрлени во првиот столб, нема да го стабилизира ПИОМ на долг рок.

Меѓународниот монетарен фонд предлага зголемува на возрасната граница за пензионирање.Според Фондот, потребно е да се разгледаат и дополнителни мерки, како порестриктивни услови за предвремено пензионирање.

-Предложените пензиски реформи, кои вклучуваат повисоки придонеси, реиндексација на придобивки и мерки за подобрување на рамноправноста меѓу учесниците во двата столба, ќе го намалат пензискиот дефицит на среден рок.

Од друга страна, власта уверува дека овие реформи ќе му помогнат на ПИОМ да се стабилизира.

Иако проекциите за растот за следната година на Владата се 3,2 отсто, ММФ предвидува 2,8 проценти и понатамошно зголемување на 3,5 на среден рок.

ММФ очекува дека годинава буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,6 отсто од БДП, а јавниот долг 50,5 отсто од БДП. Фондот препорачува постигнување нула примарен дефицит на среден рок за јавниот долг да почне да се намалува.

Во соопштението се вели дека враќањето на политичката стабилност и напредокот кон решавањето на проблемот со името значително ги подобриле перспективите за отварање на преговорите за членство во ЕУ.

ММФ ја потврди и стабилноста во банкарскиот сектор.