Млекото во Австрија е поевтино отколку во Македонија, вели економистот Јовановиќ

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии вели дека млекото во Австрија е поевтино отколку во Македонија.

- Не може млекото да биде поскапо во Македонија. Во моментов тетрапак млеко во Македонија е 80 денари, а во Австрија е 1,25 евра, вели Јовановиќ за „ТВ21“.

Јовановиќ смета дека нема никаква економска оправданост за такво нешто.

- Ниту струјата е поскапа во Македонија, ниту платите, ниту даноците. Доколку на Владата не ѝ е гајле за сиромашните дали ќе имаат да јадат, тогаш не мора да ги замрзнуваат цените, па да видиме, кажа економистот.