Земањето на одделни лекови со одредени намирници може да има контраефект, велат експертите.

Ова особено се однесува на калциумот од млекото, кој во органите за варење лесно се врзува за одредени медикаменти, создавајќи соединенија кои потешко се растворуваат, поради што не можат да се апсорбираат во крвотокот, предупредуваат лекарите на германското национално здружение.

Како пример ги наведуваат пациентите кои земаат антибиотици и препарати против остеопороза. Тие не би смееле да консумираат млеко најмалку два часа по земањето на лекови.

Грејпфрутот би требало да го избегнуваат лицата кои земаат лекови за регулирање на холестеролот во крвта, зајакнување на имунолошкиот ситем и имуносупресиви, препарати кои спречуваат отфрлување на органот по трансплантација.

Лоши интеракции постојат и меѓу антихипертензивите и сладунец. Оваа билка содржи супстанци кои го зголемуваат крвниот притисок и лековите не можат да делуваат.