Млеко: Секојдневно го конзумираме цел живот, а никој не збори за неговите негативни последици

Иако отсекогаш сите велат дека млекото е богат извор на калциум и треба да го конзумираме редовно, се испоставува дека многу млеко сепак не е добро за нашето здравје..

Човековото тело не може да го апсорбира калциумот од млекото од животинско потекло како што го апсорбира од растенијата, покрај тоа млекото го зголемува и ризикот од други здраствени проблеми како што се:

Холестерол

За разлика од вегетаријанските намирници кои не содржат холестерол, едно тетрапак шише млеко содржи во просек 24 мг холестерол.

Нетолеранција на лактоза

Кравјото млеко во себе содржи шеќер познат како лактоза кој го отежнува варењето на храната, може да доведе до гадење, пролив, грчеви и надуеност.

Скршеници

Шведското медицинско истражување покажа дека жените кои конзумираат многу млеко се всушност поподложни на фрактури на коските отколку оние кои пијат помалку или воопшто не го конзумираат.

Рак на простата

Истражувањата покажаа дека конзумацијата на млеко и останатите млечмни производи го зголемуваат ризикот за рак на простата, додека режимите на исхрана кои во себе не вклучуваат млеко го забавуваат прогресот.