Млечно пециво со ореви

Фантастичен рецепт за слатко сочно пециво со ореви.

Состојки:

100 мл млеко + уште 100 мл за филот
Една лажица шеќер
20 гр свеж квасец
150 мл вода
Една лажичка сол
500 гр брашно
Две лажици масло
200 гр сецкани ореви
200 гр кафеав шеќер
100 гр суво грозје

Подготовка:

Оревите измешајте ги со шеќерот. Ставете го млекото да зоврие. Додајте го сувото грозје во млектоо и прелијте ги оревите. Оставете да се излади. 

Со остатокот од млекото и шеќерот стасајте го квасецот и откако ќе нарасне, размесете со брашното. Тестото треба да стаса 30 минути. Рассукајте го тестото, намачкајте ја кората со фил и завиткајте како ролат. 

Оставете да стаса 20 минути и печете на 200 степени. Послужете го ладно.