Младо момче загина синоќа во сообраќајна несреќа кај Козле

Младо момче загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи синоќа во скопската населба Козле. Првичните информации се дека се судриле три возила, меѓу кои е и моторциклот кој бил управуван од загинатиот.

Брза помош веднаш интервенирала, но не успеале да го спасат момчето, чиј идентитет и точна возраст не е позната. Останатите возила кои учествувале во несреќата се марка „Мини Купер“ и „Цитроен“. На двете, има видни оштетувања.

Повеќе детали за оваа трагедија се очекуваат во текот на денот.