Младо момче тешко повредено, паднал со мотор на скопска обиколница

На скопската обиколница, во близина на клучка Смилковци, вчера попладне мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(22) од Скопје, паднал на коловозот.

-Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.