Младо момче скокнало од карпа на Матка - кога го виделе во водата било облеано во локва крв

На 14.06.2019 година во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје.

Според пријавеното, околу 18.10 часот во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.