Младо момче пронајдено починато во када во Кавадаречко

Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираше дека момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена.

„Во 19:05 часот во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство“, појаснуваат од СВР - Велес.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР - Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.