Младо момче прегази повозрасен пешак во Тетово

Млад возач прегази 63-годишен пешак од тетовско. 

На 19.09.2022 во 12.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот тетовец Б.М., удрило во 63-годишниот Е.Ш.(пешак) од тетовско Камењане, соопшти МВР. 

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.