Младо момче почина од сепса на скопските клиники

Државниот санитерен и здравствен инспекторат ги испитува околностите во кои, според првичните информации, од сепса починало 29-годишно момче.

Момчето вчера било донесено во болницата „8 Септември“ во септична состојба и умрело само неколку часа по престојот во болницата.

Како што информираат од здравствениот инспекторат, првичните информации се дека на момчето му била направена интервенција на хемороиди во една приватна здравствена установа во Тавталиџе.