Младо момче остана без возачка: Возел 300 км/ч на автопат па се пофалил на „Тик ток“

Полицијата вчера го казнила 24 годишниот Б.Ј. од Тетово кој управувал со „БМВ“ во тетовски регистерски ознаки.

-Окколу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“. Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година, информира МВР.