23-годишник е тешко повреден во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид - Кичево.
Како што соопштија од полицијата, вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 13.10 часот на магистралниот пат Охрид - Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски таблички управувано од Ш.Х.(23) од село Зајас, кичевско, и патничко возило „БМВ“ исто така со кичевски регистарски таблички управувано од Б.С.(35) од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ш.Х., а констатирани во Медицинскиот центар Кичево. За настанот бил изветен јавен обвинител, увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кичево, додаваат од полицијата.