Младите во Македонија се потешко се одлучуваат за стапување во брак - дали кариерата и финансиите се главните виновници?

Границата за стапување во брак секој ден се повеќе се поместува, велат стручните лица.

Во денешно време младите се повеќе имаат причини за нерешителност за стапување во брак.

Многу млади парови чекаат факултет па потоа работа, па да решат станбено прашање, па да реновираат...па ќе излезе уште нешто. Едноставно речено чекаат сите коцки во живото да се наредат па потоа да стапат во брак.

Ако пред неколку децении се стапувало во брак во просек во околу 20 тите, сега просекот се зголеми за неколку години плус. Истражувањата покажуваат дека младите се повеќе се фокусирани на градење на кариера отколку на градење семејство.

Западните трендови доаѓаат и кај нас, па и во нашите простори се забележува истата појава. Од друга страна пак намалени се сексуалните табуа, комуникацијата меѓу мажите и жените се одвива непречено за разлика од порано што додатно ја намалува потребата од брак.

Многу партнери се и против законското означување на една врска и сметаат дека потписите во матично не значат доживотна љубов, па така се почесто може да забележиме партнери кои живеат заедно без да ја крунисаат љубовта во брак.