Талентираните деца размислуваат да заминат од земјава. Иако освојуваат награди по натпревари, не се задоволни од образовниот систем. Велат државата се обидува да ги задржи, подршка имаат но не е доволна. Многу од нив се уште не завршиле средно, а веќе прават планови да ја градат својата иднина надвор од тука.
Од меѓународните иснитуции со критика- образованието во земјава за разлика од соседството се влошува. Препорачуваат држвата да обезбеди квалитете живот и образование за младите. Наместо децата да заминуваат од тука студенти од други држави да доаѓаат во земјава.
И од фоднот за иновации потврдија дека подршката од државата за овие деца не е довлна и треба уште многу да се работи. Сметата дека за креирањето на програмите треба да се чуе мислењето и на децата и на родителите.
Од фоднот потенцираа дека концептот кој треба да ги подржи овие деца се очекува да биде готов до почетокот на летото.