Младите од средните и основните училишта ќе си ги измерат силите во шах

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје најавија ново првенството во шах за млади, кое третпат ќе се одржи на 25 октомври во „Александар палас“.

Учество ќе земат натпреварувачи ученици од основните и средните училишта од Скопје.

Директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска, изјави дека ова првенство во шах кај младата популација буди голем интерес затоа што, освен што го развива логичкото размислување, ги развива и мотивацијата и способноста за градење и развивање стратегии – како да се победи противникот со мудри потези.

За победниците во сите категории и нивните ментори следуваат пригодни награди, како и членство во шаховската секција, која е дел од Детскиот културен центар „Карпош“, каде што се развиваат и градат таленти од многу области.