Младите од Карпош му оддаваат почит на Тоше Проески: Настан денеска во Младинскиот центар

Младите од Карпош преку музика ќе го чуваат споменот на Тоше Проески, човекот чиј глас, хуманост и добрина оставија неизбришлива трага во Македонија.

По повод сеќавањето на македонската музичка ѕвезда, Младинскиот центар Карпош организира настан на кој ќе му биде оддадена почит на Тоше и неговото музичко наследство.

Настанот ќе се одржи денеска, 16 октомври, со почеток во 15 часот, во Младинскиот центар Карпош.

Од Општина Карпош ја поддржуваат иницијативата на младите, нагласувајќи дека музиката, добрината и човечноста што ги остави Тоше зад себе се вредности што продолжуваат да ги обединуваат и инспирираат генерациите.