Младите не сакаат да студираат, ама сакаат да си заминат во странство

Меѓу средношколците кои не сакаат да студираат дури 40 отсто ученици имаат намера да си заминат во странство.

Ова се податоци од eдно истражување извршено врз  ученици во Медицинско училиште, гимназија, техничко и економско училиште.

Претходно половината од анкетираните изјавиле дека сакаат да студираат, дел од нив се уште се двоумат, а 44 односно 32 отсто изјавиле дека не знаат дали ќе се запишат на факултет. Третина од учениците одговориле дека за изборот на студии пресудни биле информации до кои дошле самите, а на четвртина влијаеле сугестиите од родителите и советите од пријателите.

Истражувањето исто така покажа дека меѓу учениците кои не сакаат да студираат, таква одлука донеле поради финансиски причини. Седум отсто мислат дека формалното образование не е најважно.