Младите мислат дека е „кул“ да не се вакцинираат, вели српскиот епидемиолог Кон

Епидемиологот Предраг Кон за телевизијата К1 изјави дека само 4% од Србите на возраст меѓу 18 и 30 години се вакцинирани. 

Според него, тие се презаситени од информациите околу пандемијата и мислат дека таа ги спречува да имаат нормален живот. Меѓу нив владее ставот дека е кул да се биде невакциниран, а ако ги прашате зошто, смета Кон, нема да знаат да дадат одговор. 

Кон додава и дека дури и оние млади кои се вакцинирале, го направиле тоа поради ковид-пропусниците. 

Од друга страна, кога зборува за болничко лечење, потврдува дека најголем број вакцинирани кои се заразиле и имале потреба за лекарска помош, се оние кои примиле Синофарм. Најголемиот дел од нив не примиле бустер доза.