Младите Македонци сѐ почесто заминуваат на печалба во Хрватска, платите тројно повисоки од кај нас

Ниските плати во земјава и натаму причина младите да бараат подобра егзистенција надвор од границите.

Во последно време се поатрактивна дестинација за заработка е Хрватка. Се појавија голем број агенции кои посредуваат за вработување во Хрватска, пред се во туристичкиот сектор, во и надвор од сезона.

Агенциите нудат посредување при добивање на работна виза, вработување, но и сместување и оброк. Поради овие причини голем број млади Македонци се одлучуваат да заминат на печалба во оваа земја.

-Платите кај нас се многу ниски. Разликата е голема меѓу 500 евра максимум кои може да се спечалат тука, и 1.500 евра чисти во Хрватска. Бев летото во Хрватска, сега се подготвувам пак да одам, вели еден млад скопјанец.

Тој вели дека бидејќи е без искуство платата му била 1.500 евра, а немал никакви трошоци околу сметки, сместување, патување до работното место.

-Оние кои се со искуство земаат и до 3.000 евра . На пример се бараат искусни готвачи, тие се најдобро платени, особео оние кои ја познаваат медитеранската кујна. Келнерите освен плата земаат и солиден бакшиш, појаснува тој.

За во Хрватска се бараат келнери, шанкери, кувари,пица-мајстори, гиро-мајстори, садомијачи, продавачи на сладолед, презентери на вино, но и продавачи за во маркет...Има понуди и за работа на јахти, каде се крастари со месеци.

За повеќето од овие работни позиции се бара солидно познавање на англискиот јазик.