Младите доктори во Барселона ги соблекоа своите алишта барајќи повисоки плати и поголема одговорност од жителите на овој град

Младите доктори во Барселона се соблекоа голи на улиците барајќи повисоки плати, повеќе одмор и поголема одговорност од властите, но и жителите на овој град.

Ваквите чекори доаѓаат по огромниот број на заразени лица и тешкотиите да се соочат со пандемијата. Тие посочуваат дека ваквиот потег го симболизира недостатокот на заштита и сигурност кој тие го чувствуваат додека се во болниците.  

Голем дел од учесниците во протестот посочија дека биле принудени да ја прекинат специјализацијата или да преминат од еден оддел на друг соочувајќи се со одговорности за кои не се подготвени. Нивниот апел доаѓа по наглото зголемување на бројките на заразени лица во Барселона, но и во останатите делови од Каталонија.