Младите брзо се опуштија, носат одговорност за наглиот пораст на заразени

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус, оцени дека помладите луѓе кои премногу и прерано се опуштиле од кризните мерки, се делумно одговорни за наглиот пораст на бројот на новозаразени во некои земји, но дека светот мора да научи како да живее со вирусот.

Веќе истакнавме, но ќе повториме – младите не се непобедливи, предупреди генералниот директор на СЗО на брифинг за новинарите.