Младите брачни парови ќе бидат ослободени од дел од комуналиите при изградба на прва семејна куќа во Скопје

Младите брачни парови во Скопје ќе можат да бидат ослободени од плаќање на дел од надоместокот за уредување на градежното земјиште при изградба на нивната прва семејна куќа.

​​​​​​​

Град Скопје ја прифати иницијативата за оваа мерка, со која треба да се намалат почетните трошоци за младите семејства што сакаат да обезбедат сопствен дом. Ослободувањето ќе се однесува на делот од надоместокот што му припаѓа на Град Скопје, додека обврската за плаќање на делот што законски ѝ припаѓа на општината на чија територија се наоѓа градежната парцела останува.

Мерката е наменета за брачни парови кај кои ниту еден од сопружниците нема друга станбена недвижност соодветна за живеење, а изградбата на куќата е за нивни сопствени потреби.

Иницијативата до Град Скопје беше поднесена од советничката група на Левица.