Младинскиот светски џез оркестар вечерва на Скопско лето

Вечерва на Скопското лето ќе се одржи концерт на Младинскиот светски џез оркестар на чело со светско-познатиот Луис Бонила, со почеток во 22:00 часот, во Младинскиот културен центар – Кино „Фросина“. Концертот е во соработка со Музичка младина на Македонија.

Младинскиот светскиот џез оркестар е првиот интернационален младински џез оркестар во светот, составен од 18 млади професионални џез музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја , појавувајќи се на престижни европски места и џез фестивали. Во јули 2018год. овој оркестар ќе ја донесе глобалната иднина на џез музиката на Балканот со неговата 7-ма европска турнеја. Млади музичари претставувајќи 12 различни земји и 6 различни континенти ќе одат на турнеја низ Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија, водени од меѓународно признат тромбонист, композитор и едукатор од САД, Луис Бонила. Младинскиот светскиот џез оркестар има работено со познати интернационални џез артисти како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл. Има настапи на масовни концерти и џез фестивали, вклучувајќи ги Монтро џез фестивал, Џез фестивалот Северно Море и Уникредит Павилионот на Милано. Овој оркестар е формиран во 2012год. од ЈМ Интернешнал, мрежа од невладини организации за музика за млади која работи за да направи разлика низ музиката преку сите граници. Младинскиот џез оркестар продолжува да просперира под менторството на Луис Бонила, кој се враќа за неговата четврта сезона како Уметнички директор.

Исто така, вечерва ќе се одржи изложба на фотографии „Три автори“ со почеток во 20:30 часот во НЛБ Галерија. Куратор е Александар Кондев, а автори се Мирослав Марина, Кирил Михаилов и Мимоза Чолак.

Мирослав Марина дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје,и како архитект и дизајнер долго години работеше во “Скопски саем“…Фотографијата како медиум го заинтересирала уште во студентските денови, но работата на дизајнот малку го одалечила од фотографирањето. Фотографијата останала како дел од секојдневниот работен ангажман во “Скопски саем“, а подоцна и во Винаријата “Фонко“ во Скопје .По пензионирањето тој повторно и се враќа на фотографијата и целосно го преокупира „човекот во неговиот амбиент“ како и пејсажот на кој му приоѓа со страст на еден сликар.Секако, потребата од визуелниот исказ , го принудува и да слика, па сликарството во неговото дело се надополнува со фотографијата, влијаејќи меѓусебно една на друга.

Кирил Михаилов дипломиран архитект кој целиот работен век го посвети на архитектонското обликување на брендот “АМСМ“, и зад себе остави проекти и изведби на цела низа објекти во Македонија, но и две забележителни монографии за Автомобилизмот во Македонија, како и повеке изложби и јавни манифестации на оваа тема.Малку е познато дека овој архитект е активен учесник како во спортот така и во културата.Заедно со неговиот брат Томе Михајлоски се основачи на “ Ронечкиот сојуз на Македонија“ кои ги удрија темелите на спортското ронење кај нас.Уште во седумдесеттите години во рамките на овој спорт снимаше подводни фотографии како од Охридското езеро, така и од морињата каде спортски гронеа и се натпреваруваа.Со пензионирањето доби време и можност комплетно да се посвети на предизвикот што го дава фотографијата.Своите фотографии ги споделува со сограѓаните на Фејсбук и Твитер.На изложбата ќе ни се представи со фотографии од спортскиот автомобилизам кај нас како и со урбани фотографии од Скопје.

Мимоза Чолак е дипломиран економист, која целиот работен век го поминува во струката.По пензионирњето ја открива фотографијата, како простор во кој може да ги изрази своите естески и културни експресии на светот околу себе.Фотографијата за неа е постојана преокупација и таа ја создава на себе својствен начин, полно со внимателно забележени детали оплеменети со емоции кои се така какрактеристични за женскиот свет.Иако, таа самата тоа го негира, факт е, дека жените кај нас/ а и во светот / се повеќе се определуваат за творечка фотографија, и ако внимателно ги погледаме тие фотографии во многу нешта тие се разликуваат од “машката“ фотографија.Тие фотографии се полни со внатрешни емоции, помирни и посуптилни, посветени на деталот и расказот. Кај Мимоза Чолак ќе ги видиме нејзините три циклуси,“Цвеќе и аранжмани“, „Луѓе“ и „Природа“.