Младинскиот самит за климатски промени денеска во паркот МКЦ во Скопје

Во паркот МКЦ во Скопје денеска ќе се одржи Младинскиот самит за климатски промени кој има за цел да ги вклучи младите во климатските политики и да ја зајакне младинската мрежа за климатска акција.

Како што информираат организаторите, Процесот на вклучување на младите ќе биде преку алатката „U-report“ и присуство на Самитот за климатски промени.

Младинскиот самит за климатски промени во Скопје е дел од процесот да се вклучат младите луѓе во преговорите за климатските промени. Самитот ќе им даде шанса на младите луѓе на возраст од 15 до 24 години да се вклучат во дијалог со креаторите на политики, да разменат мислења и да се поврзат со други посветени млади луѓе на животната средина и климатските промени.

Настанот претставува можност за младите луѓе да го кажат својот став и да земат свое учество во текстот на Младинската декларација за климатски промени. Декларацијата ќе биде документ што ќе ги отсликува погледите и ставовите на младите луѓе за климатските промени и ќе се сподели со локалните и националните институции, и ќе биде претставен на Младинскиот самит за климатски промени на Обединетите Нации, во Милано, Италија.