Млади животи згаснуваат на асфалт поради брзо возење и алкохол!

Ниту еден автомобил нема да ја зголеми вашата безбедност, ниту да ве заштити од повреди, во случај на сообраќајна незгода. Моќниот автомобил во комбинација со брзо возење, алкохол и непочитување на сообраќајните правила, се причина број еден за сообраќајни незгоди со фатални последици. 

Брзината е немилосрдна и најголем причинител за сообраќајни незгоди со смртни последици, а сето тоа произлегува од неискуството на младата популација и склоноста кон ризично однесување во сообраќајот. Младите треба да бидат свесни дека ниту еден автомобил, без разлика дали станува збор за некоја од поскапите марки, нема да ја зголеми нивната безбедност и нема да ги заштити во сообраќајна незгода случена со голема брзина.

Во случај на сообраќајна несреќа, првите минути се најважни за да се спаси повредениот, односно, многу е важно да му се пружи правилно прва помош и секако, веднаш да се повика брза помош.

Во најголем број од сообраќајните несреќи, најмногу страдаат главата, вратот и р’бетот. Многу е важно да се користи безбедносниот ремен кога управувате со возилото бидејќи само на тој начин се отвораат безбедносните перничиња, но сепак, доколку брзината на движење е 200 километри на час, ниту тие не би можеле да ги спречат повредите кои можат да настанат, па дури и да бидат со смртен исход. Сепак, сите ние сме човечки суштества.

Сами мора да бидеме свесни за последиците од несовесното однесување во сообраќајот, и да не мислиме дека нас тоа не може да ни се случи, туку одговорно и совесно да се однесуваме додека управуваме со возилото.

Надлежните постојано со апел да не се пречекорува дозволената брзина, да се управува возилото според условите на патиштата, да не се зборува на мобилен телефон додека се управува со возилото и да не се консумира алкохол и дрога, како едни од најголемите предизвикувачи на сообраќајни незгоди.