Маж и жена од Кисела Вода меѓусебно се пријавиле за семејно насилство.
- На 17.03.2205 во 13.55 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода, по што и тој пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 24-годишна сопруга, известија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.